Ќе се реализираат зацртаните странски инвестиции

Bez autora
Oct 23 2011

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е оптимист и очекува да се реализираат сите планирани странски инвестиции за годинава. Реално очекуваме мало забавување на економијата во втората половина од годинава, но јас сум оптимист дека она што го имаме проектирано како странски инвестиции ќе биде остварено. По изборите, бројот на странски инвеститори во Македонија се зголемува. Потврда за тоа е и инвестицијата од околу 10 милиони евра на италијанската групација Еуроиталија. Тоа, посочи, покажува дека напорите на Владата за подобрување на бизнис климата се во вистинска насока и вродуваат со реален плод, односно дека индикаторите од меѓународните институции кои укажуваат на унапредувањето на бизнис-климата навистина се реални.

Ќе се реализираат зацртаните странски инвестицииВицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е оптимист и очекува да се реализираат сите планирани странски инвестиции за годинава.

- Реално очекуваме мало забавување на економијата во втората половина од годинава, но јас сум оптимист дека она што го имаме проектирано како странски инвестиции ќе биде остварено. По изборите, бројот на странски инвеститори во Македонија се зголемува. Потврда за тоа е и инвестицијата од околу 10 милиони евра на италијанската групација Еуроиталија - изјави Пешевски.

Тоа, посочи, покажува дека напорите на Владата за подобрување на бизнис климата се во вистинска насока и вродуваат со реален плод, односно дека индикаторите од меѓународните институции кои укажуваат на унапредувањето на бизнис-климата навистина се реални.

Прашан дали Владата ќе ја менува стратегијата за патиштата по пропаѓањето на тендерот за Коридорот 8, Пешевски рече дека се разгледуваат повеќе модели, но дека несигурностите на светската економска сцена влијаела инвеститорите да станат повнимателни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik